Поради Ѓоковиќ плачев! Алкараз без влакна на јазикот зборуваше за Србинот: Надал е во право за Ѓоковиќ, но…

Најдобриот шпански тенисер Карлос Алкараз во интересно интервју за угледната „Марка“ допре голем број актуелни тениски теми.

Зборуваше за моменталната форма, борбата за првото место на АТП листата, Јаник Синер, но и секогаш актуелнaта „GOAT“ дебата и еден болен пораз од Новак Ѓоковиќ.

Алкараз се согласува со Рафаел Надал, кој неодамна во едно интервју призна дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата, гледајќи ја статистиката.

Сепак, младиот Шпанец истакнува дека не е cè во бројките…

„Cекој има свое видување на работите. За некои Ѓоковиќ е најдобар, за други Рафа, за други Федерер. Рафа рече дека Ѓоковиќ е најдобар во однос на бројките, а и јас така мислам. Ѓоковиќ е најдобар во историјата, нема сомнеж за тоа. Верувам дека приказната за тоа кој е најдобар е нешто што ги надминува бројките. Сите тројца се таму и за мене сите тројца се големи”.

Шпанецот призна дека еден неуспех против Новак толку многу го повредил што дури и пушти солзи. Зборуваме за поразот во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино, кога Ѓоковиќ го совлада Алкараз.

Имаше натпревари и порази кои ме погодија, како оние од Зверев и Ѓоковиќ во финалето на АТП, против Џере во Буенос Аирес“, рече Алкараз и откри по кој пораз заплака:

„Не сум сигурен, но би рекол дека тоа беше по поразот од Ѓоковиќ во полуфиналето од Торино“, додаде Шпанецот.

Да потсетиме, Алкараз по неуспехот во Буенос Аирес настапи на АТП турнирот во Рио де Жанеиро, но на првиот меч се здоби со непријатна повреда на зглобот и беше принуден да му го предаде мечот на 117. тенисер во светот, Тиаго Монтеиро.