Во центарот на Виена е убиен поранешниот австриски репрезентативец Волкан Караман.
Австриските медиуми јавуваат дека Волкан Караман , поранешен репрезентативец таму , бил брутално убиен. Имено, 43-годишникот седел во кафуле со маж, а кога станал од масата извадил пиштол и ладнокрвно му пукал во главата.
Караман и се уште неидентификуваниот 46-годишник гласно се расправале во кафулето, а расправијата ја продолжиле на улица. Неколку минути подоцна, човекот за кој тамошните медиуми пишуваат дека бил најдобар пријател на фудбалерот, извадил огнено оружје и му пукал во главата, а потоа се самоубил.
Караман е Австриец со турско потекло, во кариерата настапувал за Трабзон, Австрија Виена, Австрија Салцбург, Ираклис, ЛАСК Линц, а во помладите категории за Феенорд. За Австрија играше три пати, а по завршувањето на кариерата беше тренер на Карабах Виена.