Шпанскиот офанзивен играч кој игра за Арис, Карлес Перез (27), беше хоспитализиран во Солун откако куче го каснало за гениталиите и му нанело длабока рана, јавуваат грчките медиуми.
Инцидентот се случил во Солун додека Перез го шетал своето куче, кое било нападнато од друго куче.
Фудбалерот се обидел да ги раздели, но претрпел сериозни повреди на гениталиите бидејќи кучето го каснало и му нанело сериозна рана.

Перез беше итно префрлен во болница каде што е под 24-часовен надзор на лекари кои внимателно ја следат неговата состојба.
Се разгледува и операција за санирање на штетата што ја претрпел, за која лекарите веруваат дека е сериозна.
Инаку, Перез ги помина сите категории на Барселона, потоа се пресели во Рома, а потоа играше за Селта и Хетафе.
Тој сè уште е играч на Селта, која го испрати на позајмица во Арис, каде што ја доживеа оваа страшна несреќа.