Откако ја завршил кариерата сфати што сака до крајот на животот.
Ирецот Филип Мулрин (46) некогаш бил познат фудбалер. Играше за Манчестер Јунајтед и 27 натпревари за репрезентацијата на Северна Ирска.
Тој дојде преку академијата на Јунајтед, но одигра само еден официјален натпревар пред да се приклучи на Норич за половина милион фунти во 1999 година.
Тој стана миленик на навивачите во клубот каде што забележа 161 настап до 2005 година кога потпиша за Кардиф Сити.
Потоа неговата кариера тргна надолу и во 2008 година, навлегувајќи во четвртата деценија, реши да ги „закачи копачките“.
Потоа сврте „нов лист“ во животот.
– Имаме прекрасен живот како фудбалери и бев многу привилегиран, но сфатив дека на крајот имаше еден вид празнина. Бев прилично шокиран! Зошто не сум среќен кога имам се што сакаат младите мажи – изјавил своевремено Филип, откако решил радикално да го промени својот живот.
Сега му се обраќаат како пречесниот отец Филип Мулрин, откако беше ракоположен за доминикански свештеник во 2017 година.
Тој воопшто не жали за својата одлука, која ја донесе набргу откако заврши со фудбалот.
– Мојот повик кон свештенството и верскиот живот дојде подоцна истата година. Ја почувствував оваа силна желба за овој начин на живот и тогаш се охрабрив да го истражам и ја донесов оваа важна одлука.