Лазаров: Добивме квалитетен и неатрактивен противник

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров даде свое видување за ривалот во баражот за Светското првенство 2025.

Денешната ждрепка одлучи ривал на македонските ракометари во мундијалскиот плејоф да биде селекцијата на Фарски Острови.

– Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025, изјави Лазаров на фејсбук-профилот на РФМ.

Натпреварите ќе се играат на 8 и на 12 мај.