Трудницата Сања Кужет во потполно опуштено издание без шминка: Водителката избега од Белград и покажа во што најмногу ужива (ФОТО)

Водителката Сања Кужет е во поинаква состојба, го чека синот со сопругот Немања Живојиновиќ.

Убавата водителка е во 4-ти месец, а неодамна ги спакува куферите и со семејството замина од Белград.

Сања трудничките денови ги поминува на планина, а не крие колку и се допаѓа снегот и студеното време.

– Го сакам мирисот на зимата на планина – напишала Сања.

Инаку, малку се знае за приватниот живот на Сања Кужет. Имено, Сања Кужет е во брак со Немања Живојиновиќ , маркетинг директор на автомобилска компанија кој не сака да се експонира во јавноста.