На 32-годишна возраст почина поранешниот голман и поранешен репрезентативец на Зимбабве, Џорџ Чигова .
Како што пренесуваат светските медиуми, тој починал откако му се слошило во својот дом во Јужна Африка.
Она што е исто така познато е дека Чигова во јули доживеа срцев удар, по што се обиде да му се врати на фудбалот.
Чигова го паметиме по прекарот „Зикипер“, а за репрезентацијата на Зимбабве забележа 32 настапи во сите натпреварувања.
Поголемиот дел од кариерата го помина играјќи за Суперспорт Јунајтед и Полокване Сити од Јужноафриканската Република, а играше и за Динамос во својата татковина.
Ќе остане запаметено дека пред пет години одбрани пет пенали на два натпревари (и две пенали) за репрезентацијата.