ПОРАНЕШНАТА ГО ОСТАВИЛА БИДЕЈЌИ БИЛ ПРЕСТАР ЗА НЕА: Сега Ал Пачино има 54 години помлада жена со која доби дете
Познатиот актер Ал Пачино овој четврток го прослави својот 84 роденден . Минатата година тој стана татко во својата деветта деценија , а поради врската со 53 години помладата Нур Алфалах се најде во центарот на медиумското внимание и бројните теории на заговор, пишува Стил.
Имено, најпрвин се шпекулираше дека Ал Пачино всушност не е татко на детето и дека побарал ДНК анализа за да се утврди вистината. После тоа, нивната љубов наводно пропаднала, но и покрај тие наводи, тие биле видени како заедно шетаат рака под рака. Сепак, младата Нур брзо продолжи со својот живот , додека актерот падна во заборав.
Неговата врска со актерката Дајан Китон и е добро позната на јавноста . Тие започнаа врска недолго по средбата и со бројни прекини останаа во чудна врска до 1990 година и третиот дел од култниот филм „Кум“. Сепак, тој никогаш не ја одвел актерката до олтарот, иако таа навистина сакала да се омажи за него.
„Изгледаше толку тажно, но беше толку сладок и многу добар човек. Отсекогаш сонував да се омажам за маж во кој сум заљубена и кој ќе биде добар татко за нашите деца. Бев толку наивна, Требаше да размислам дека бракот е всушност добар тим од двајца луѓе, не да ме водат емоции“, рекла таа еднаш.
Ал Пачино ја доби ќерката Џули Мери (29) со учителката по глума Џен Терант , додека со актерката Беверли Д’Анџело има 17-годишни близнаци, синот Ентони Џејмс и ќерката Оливија Роуз. Актерот бил во врска со израелската актерка Меитал Дохан, која е речиси четири децении помлада од него.
„Тешко е да се биде со таков старец, дури и да е Ал Пачино . Разликата во години е преголема. Се обидов да ја игнорирам, но искрено, тој сега е старец. И со сета моја љубов, не траеше“, признала Меитал по прекините.