Поранешна српска ТЕНИСЕРКА продава ИНТИМА на СТРАНИЦА ЗА ВОЗРАСНИ: Еве колку вложиле РОДИТЕЛИТЕ во НЕА
Поранешната тенисерка сега продава интимни фотографии на сајт за возрасни, а некогаш живеела вака.
Поранешната тенисерка Тамара Бојаниќ долго време заработува од објавување експлицитни снимки и фотографии на контроверзната апликација „Само фанови“.
Бојаниќ порано беше голема надеж на „белиот спорт“, но пред неколку години го напушти рекетот и реши да заработи на друг начин.
Не интересираше колку вложиле родителите на Тамара во нејзините тренинзи и во тениските реквизити и дали можеби сега ќе и замерат поради тоа што сега сите тие инвестиции се всушност џабе пари, бидејќи оваа атрактивна дама се одлучила за различни деловни предизвици.
Моите родители вложија многу во мојата кариера, пред се пари, но и време, нерви, енергија итн. Што се однесува до парите, мојата кариера сигурно ги чинела повеќе од 200.000 евра, а инаку ме потсетија колку вложиле во мојата кариера дури и кога повеќе тренирав како некаква мотивација и обврска. Сега веќе не го ни спомнуваат и се ситуирани и добро обезбедени па не очекуваат ништо да им вратам, но се надевам дека во текот на животот на некој начин ќе им се оддолжам за се што направија за мене. – откри Тамара за Еспресо.