Поранешниот австриски канцелар Курц условно осуден за давање лажни изјави

– Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц денеска е осуден на условна казна од осум месеци за давање лажни изјави во парламентарна истрага за наводна корупција во неговата прва влада.

Пресудата на судот во Виена e донесена по четиримесечно судење.

Овој случај e прв во три децении да му се суди на поранешен австриски канцелар.

Во пресудата на Регионалниот суд во Виена се наведува дека Курц имал поголемо влијание врз назначувањето на надзорниот одбор на државниот холдинг „Обаг“ отколку што признал во истрагата.