Уапсен фудбалер веднаш по мечот: Полицијата го пронашла во соблекувалната, тој е рекордер на репрезентацијата

Фудбалерот Дарвин Серен , претставник на Ел Салвадор и рекордер по бројот на настапи за таа селекција, е уапсен во средата и обвинет за сексуални злосторства!

Медиумите јавуваат дека апсењето е извршено по наредба на републичкиот јавен обвинител и дека е извршено набргу по натпреварот што Серен го одигра за својот тим Агила.

Серен ги одигра сите 90 минути на гостувањето против Исидро Метапан, во градот Сан Мигел. По натпреварот тој даде изјава за новинарите, а потоа отидел да се истушира, а полицијата го уапси во соблекувалната.

– Го уапсивме Дејвид Серено за кривично дело второ сексуално насилство врз жена – стои во полициското соопштение.

Инаку, Серен одигра 90 натпревари за Ел Салвадор. Има 34 години и кратко играше за Орландо во МЛС. Потоа четири години го носеше дресот на Хјустон, за кој одигра преку 100 натпревари.

Инаку, тој е оженет со сопругата Делија и има четири деца, додека за нападот не се знае ништо. Освен што играчот ќе остане во притвор додека трае истрагата.