Кендал Џенер позира топлес за новата кампања на Келвин Клајн

Кендал Џенер е дел од пролетната кампања насловена „Калвини или ништо“ на брендот Келвин Клајн, каде реши да позира топлес на неколку фотографии.

Популарниот бренд на Инстаграм сподели црно-бели слики од 27-годишната манекенка како позира во различни комбинации.

На првата фотографија таа се појавува со прекрстени нозе во тексас јакна, каде не се гледа дали носи долна облека од овој моден бренд.

На следните слики, Кендал лежи на подот со голи гради и носи фармерки. На другите слики споделени на профилот, ТВ ѕвездата позира во новата колекција долна облека.

Кампањата, дизајнирана и фотографирана од Мерт Алас и Маркус Пигот, ја прикажува Џенер заедно со амбасадорите на Келвин Клајн, вклучително и пејачките FKA Twigs и Jennie Rubie Jane. Покрај тоа, во оваа кампања се приклучија и американските актери Мајкл Б. Џордан и Арон Тејлор-Џонсон.

Тие ја опишаа пролетната колекција како онаа која вклучува нови сензуални опции и стилови на тантела кои вклучуваат тексас материјал. Како што велат, инспирирани се од модните стилови од деведесеттите години на минатиот век.