– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека на 24 август ќе се појави пред судот во Атланта во врска со обвинението за наводно мешање во претседателските избори 2020 година, пренесува Анадолу.
Трамп на сопствената платформа за социјални медиуми „Truth Social“ се огласи по обвиненијата против него.
Тој потврди дека на 24 август ќе замине во Атланта за да сведочи пред судот во врска со тужбата со која е обвинет за „попречување на резултатите од претседателските избори 2020 година во американската сојузна држава Џорџија“.
Опишувајќи ја Фани Вилис, окружната обвинителка на Фултон, како „окружна обвинителка на радикалната левица“, Трамп го критикуваше нејзиниот повик да сведочи, наместо да се занимава со други случаи, посочувајќи дека во Атланта се „сторени најголемите убиства и насилни злосторства во американската историја“.
„Вилис ја предводи кампањата за лов на вештерки и ја продолжува кампањата и собира пари. Овој лов на вештерки е во блиска координација со Министерството за правда на измамникот Џо Бајден“, рече Трамп.