Поранешниот градоначалник на Техеран ослободен од затвор

Поранешниот градоначалник на Техеран денеска е ослободен од затвор откако одлежа околу четири години за убиство на својата сопруга, јавија локалните медиуми.

Мохамед Али Наџафи во 2019 година призна пред судот дека ја убил својата сопруга Митра Остад по семеен спор.

Наџафи беше осуден на „кисас“, термин за одмазда во вид на одмаздничка правда, што значи дека тој всушност беше осуден на смрт, пренесе ДПА.

Тој доби прошка од семејството на жртвата со плаќање компензација, позната како крвави пари, со што го негира кизасот, но Наџафи сепак беше осуден на казна затвор од шест и пол години за убиство и поседување неовластено оружје.

Случајот предизвика големо внимание во домашните и меѓународните медиуми.

Наџафи е еден од реформистичките политичари во Иран кој е активен во иранската политика со децении, а меѓу другото, беше и министер за образование и министер за наука