ШКАЉАРЕЦ УБИЕН, ПА ИЗГОРЕН ВО ШУМА ДО ПАТОТ: Полицијата го утврди идентитетот на ликвидираниот млад човек кај Подгорица

Полицијата идентификувала подгоричанец кој бил убиен, а потоа запален во селото Штеке, на излезот од Подгорица кон Цетиње, соопштија повеќе извори од таа безбедносна институција.

Наводно, станува збор за дваесет и тригодишниот В.В кој бил поврзан со криминалниот клан Шкаљар, пишува Вијести.

Според неофицијални информации на „Вијести“, тој доцна синоќа бил идентификуван од членовите на семејството.

Полициската управа не излезе со никакво официјално соопштение откако бил пронајден полу јагленосаниот труп во Штек.

Неговото тело вчераутро го забележал жител кој бил во посета на имотот и за тоа ја известил полицијата.

Инспекторите на лице место затекнале страшна глетка – во шумата, покрај слепа улица макадам, на 200-тина метри од главниот селски пат, имало полу јагленосано тело, а покрај трупот имало неколку чаури.