Поранешниот перуански претседател Оланта Хумала е прогласен за виновен за перење пари и осуден на 15 години затвор.
Судот во главниот град Лима соопшти дека Хумала прифатила нелегални средства од бразилската градежна компанија Одебрехт за финансирање на неговите изборни кампањи во 2006 и 2011 година, пишуваат странските медиуми, пренесува Телеграф.
Неговата сопруга Надин Хередија, која ја основаше Националистичката партија со Хумала, исто така беше прогласена за виновна за перење пари и осудена на 15 години.
Обвинителите побараа Хумала да биде осуден на 20 години затвор, а Хередија на 26 и пол години.
По судењето кое траеше повеќе од три години, судот ја донесе својата одлука во вторникот.
Хумала лично присуствувал на одлуката, додека неговата сопруга ја слушнала преку видео врска.
62-годишниот поранешен претседател и неговата сопруга негираа дека сториле нешто лошо.