Поранешниот работник го тужи на Канје Вест: Антисемитизам, дискриминација, вознемирување и одмазда се само дел од обвинувањата против раперот (фото)

Раперот Канје Вест повторно е во центарот на скандал, откако беше тужен од поранешниот вработен Тревор Филипс за „тешка дискриминација, вознемирување и одмазда“ додека работел за него.

Судските документи ги опишуваат и проблематичните ситуации кои се случиле во приватното училиште на Канје , пишува „Page Six“.

Раперот наводно „сакал да ги избричи главите“ на учениците, а имал намера да ги стави во затворените простории на училиштето. Училиштето, инаку, е затворено од 2022 година поради обвинувања за антисемитизам.

Канје Вест

Во своето обвинение, Тревор ги спомна и антисемитските испади на Канје од 2022 година, кога тој, наводно, го нарекол Хитлер иноватор и го негирал Холокаустот на вечера во Малибу.

– Она што требаше да биде средба со неговиот шеф за Академијата Донда, нејзината наставна програма и хортикултура, заврши како антисемитска и фанатистичка средба, а имаше и сексуално вознемирување – се наведува во тужбата.

Филипс изјави и дека зборувал против ЛГБТК+ популацијата. Канје го отпушти минатиот мај, а Тревор бара отштета од 35.000 долари.