Поранешниот светски шампион во шах остро го нападна претседателот на Русија: “Тоа е криминална држава со која раководат Владимир Путин и неговата мафија!“

Гари Каспаров, поранешниот светски шампион во шах, жестоко го нападна претседателот на Русија Владимир Путин, но и земјата за која играше и под чие знаме се прослави.

Гари Каспаров не живее во Русија од 2013 година, кога се пресели во Њујорк, САД. Од 2014 година живее во Хрватска, во мал град во близина на Сплит а тој неодамна доби и хрватско државјанство.

Гари Каспаров ја промовира „Гранд шаховска турнеја“, турнир кој во јули ќе се игра во Загреб и на кој ќе учествуваат многу познати имиња од светот на шахот. Интересно, главен спонзор на турнирот, кој е поддржан од хрватската Влада и премиерот Андреј Пленковиќ, е српскиот милијардер Саша Драгиќ, кој долги години живее во Романија.

Тој во интервју за хрватскиот весник Vecernji List не ја пропушти можноста да ги „охрабри“ Владимир Путин и Русија. На прашањето на новинарите дали на руските и белоруските спортисти треба да им се дозволи да учествуваат на најголемите светски натпревари како што се Светските првенства и Олимписките игри, Каспаров вели:

Се додека не заземат силен став против војната и руската инвазија на Украина, додека јасно не се оградат од фашистичкиот режим на Владимир Путин, не би го поддржал нивното учество“.

За потсетување, на неколку претходни Олимписки игри, руските спортисти се натпреваруваа без национални симболи, бидејќи беа обвинети за допинг.

Тоа е криминална држава управувана од Владимир Путин и неговата мафија. Манипулирањето со допинг тестовите е дел од нивниот менталитет. Тие веруваат дека можат да изневерат, дека се над сите закони. Тоа не може да се спореди со агресијата врз Украина, но тоа беа чекорите на оние луѓе кои веруваат дека се над какви било меѓународни санкции“, заклучи Каспаров.