Поранешниот француски претседател Никола Саркози прогласен за виновен за земање пари од Моамер Гадафи

Поранешниот француски претседател Никола Саркози (70) е прогласен за виновен за учество во злосторничко здружение поврзано со примање нелегални донации за кампањата од либискиот лидер Моамер Гадафи.

Примањето донации, според обвинението, се однесува на периодот кога Саркози се кандидираше за претседател во 2007 година. Обвинителството тврдеше дека Саркози, за возврат, ветил дека ќе му помогне на Гадафи да го подобри својот углед во западните земји.

Саркози беше ослободен од обвиненијата за корупција.

Судот утврди дека Саркози им дозволил на своите „блиски соработници и посредници“ да се обидат да добијат финансиска поддршка за неговата кампања.

Овие обиди вклучуваа средби со официјални претставници на Гадафи и организирање на трансфер на јавни средства.

Саркози постојано тврдеше дека е невин и жртва на клевета координирана од сојузниците на Гадафи откако тој ги предводеше напорите на НАТО за соборување на либискиот диктатор во 2011 година.