Поранешeн играч на Реал го напушти фудбалот, се ожени со богаташка 18 години постара и стана милионер

Поранешниот талент на Реал Мадрид, Серхио Карало никогаш не успеа да го реализира својот потенцијал на фудбалските терени, но вниманието на јавноста го привлече поради една интересна приказна за неговиот брак.

Карало беше талент на Реал, а за Мадрид потпиша во 2012 година. Сепак, играше за резервите и чекаше шанса, но никогаш не се наметна.

Затоа, во 2016 година ја носи најдобрата животна одлука. Тој се пресели во Соединетите Американски Држави и реши да стави крај на кариерата по многу несреќни околности на фудбалскиот терен. Се посвети на студиите и напредуваше.

Во САД запознал 18 години постара милионерка, кој подоцна ќе му стане сопруга. Станува збор за Британката Керолин Стенбери (46).

Неговата славна сопруга преку ноќ го направи милионер, а после тоа се посвети на бизнисот каде има многу повеќе успеси отколку на терените ширум светот. Изгледа дека заминувањето во САД била најдобрата одлука за кариера бидејќи додека студирал дигитален маркетинг, Серџо ја запознал Каролина, која му го променила животот.

Инаку, Керолин Стенбери е многу популарна во Велика Британија и потекнува од богато семејство. Таа е позната актерка и ТВ ѕвезда, која 18 години беше во брак со турскиот тајкун Џем Хабиб. Како што истакнува поранешниот играч на Реал, тој детаљ не му бил важен и безусловно ја сака Керолајн.

“Откако се запознавме, не се разделивме. Ние сме сродни души. Тато ми рече дека ќе ми ги даде сите пари на светот ако раскинеме, а мама почна да плаче кога дозна за нашата врска. Но на крајот, ја запознале и сега ја сакаат како ќерка“, изјавил поранешниот фудбалер, пренесува Мундо Депортиво.

Откако се венчале, двајцата се преселиле во Дубаи. Сега Карало живее живот на шеик благодарение на неговата сопруга. Двајцата ја делат својата куќа од соништата и автомобилите вредни неколку милиони евра.