Портпаролката на НАТО соопшти дека генералниот секретар Столтенберг нема да бара ново продолжување на мандатот
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг не бара ново продолжување на мандатот на чело на Алијансата и ќе ја напушти функцијата според планираното наесен оваа година, јави ДПА.
-Мандатот на генералниот секретар беше продолжен три пати и тој е на чело речиси девет години, потсети портпаролката на НАТ, Оана Лунгеску. – Мандатот на генералниот секретар истекува на крајот на октомври оваа година и тој нема намера да бара ново продолжување, додаде таа.
Мандатот на Столтенберг беше продолжен до 30 септември минатата година во март поради војната во Украина. Неодамна во медиумите се појавија тврдења дека мандатот би можел повторно да му биде продолжен поради конфликтот.
Според весникот „Велт ам Зонтаг“, кој се повикува на неименувани дипломатски извори, соопшти дека земјите-членки на Алијансата ќе го продолжат мандатот на Столтенберг до април 2024 година. Весникот додава дека постои неформален договор меѓу 30-те членки на пактот Столтенберг да остане на функцијата и по истекот на неговиот мандат на 30 септември, а официјална одлука за ова прашање ќе биде донесена во наредните недели.