Посилна од невремето: Гледачите се воодушевени од репортерката кој се јави во живо за време на силно невреме (ВИДЕО)
Ниту бурниот ветер кој дуваше со брзина од 168 км/ч не можеше да ја спречи храбрата новинарка да известува.
Видеото на шпанската репортерка Пола Филгуерас, која неодамна известуваше од Галиција, стана вирално на социјалните мрежи. Таа известувала за време на силно невреме , а според видеото, репортерката едвај стоела на нозе поради силниот ветер.
Во исто време таа се бореше да го држи микрофонот во едната, а чадорот во другата рака.
„Морето е многу бурно, брановите се високи до девет метри, налетите на ветерот се силни“, рекла Пола, а водителката во студиото и се заблагодарила што ја задржала врската. Потоа ја замолил да се пресели на побезбедно место заштитено од дожд и ветер.
Репортерката доби бројни пофалби од гледачите на социјалните мрежи кои напишаа дека е многу храбра и посветена на својата работа.
Да потсетиме, силната бура по име Киран погоди делови од Европа, а шпанските медиуми јавуваат дека предизвикала ветрови кои достигнале брзина од 168 км/ч и интензивни врнежи во Галиција.