Поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

 Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 2,00 денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V),  Екстра лесното масло за домаќинство  (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат непроменети, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,50 денари за литар