Последни информации од Грција: Се зголемува бројот на загинати, повеќе од 50 повредени

Четири лица загинаа, а 53 лица се повредени, ова се последните информации од грчките медиуми за сообраќајната несреќа што утрово се случи на патот Атина – Солун.

До несреќата дошло кога туристички автобус со српски регистарски таблички и 78 патници директно се судриле со автомобил во кој се превезувале четири лица.

Tројца сопатници од автомобилот се пронајдени мртви, додека четвртиот сопатник, маж (60) е тешко повреден.

Според локалните медиуми, и покрај напорите на лекарите, тој им подлегнал на повредите.

Откако автобусот се судрил со возилото, друг автомобил удрил во возилото. Но, сопатничката од Србија и детето во тој автомобил не се повредени.

Aвтобусот и еден автомобил паднале во канал.

Според грчките медиуми, 53 лица се повредени и со возило на брза помош се пренесени во болниците во Кукуш и во Солун. На местото на несреќата брзо пристигнале полицајци и пожарникари со 18 пожарникари и 6 возила.