Лидерите на Г20 му оддадоа почит на Махатма Ганди

 – Лидерите на Г20 му оддадоа почит на индискиот лидер на движењето за независност, Махатма Ганди, последниот ден на самитот во Њу Делхи.

Индискиот премиер Нарендра Моди ги дочека лидерите и шефовите на делегации во меморијалниот комплекс „Раџ Гат“ на Ганди.

Лидерите положија венци на спомен обележјето пред да чествуваат на церемонијата на садење дрвца.

„На култниот „Раџ Гат“, семејството на Г20 му оддаде почит на Махатма Ганди – светилникот на мирот, служењето, емпатијата и ненасилство. Додека различни нации се соединуваат, безвременските идеали на Ганди ја водат нашата колективна визија во хармонична, инклузивна и просперитетна глобална иднина“, објави Монди на социјалната мрежа Х.

Денес се одржува третата и последна сесија на самитот на Г20 под наслов „Една иднина“, во новоотворениот конгресен центар „Прагати Мајдан“.

Непосредно пред почетокот на сесијата, Моди прими садница на дрво од индонезискиот претседател, Џоко Видодо, како организатор на Г20 минатата година, и од претседателот на Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва, кој ќе биде домаќин на Г20 идната година.

По сесијата се очекува лидерите да одржат дополнителни состаноци.

Претседавач со Г20 во 2024 година е Бразил, а во 2025 година самитот ќе се одржи во Јужна Африка.

Лидерите, во отсуство на претседателот на Русија, Владимир Путин и на кинескиот претседател, Ши Џинпинг, вчера учествуваа во сесиите „Една Замја“ и „Едно семејство“, за да постигнат напредок во трговијата, климата и другите глобални проблеми.

Африканската унија, блок од 55 земји, на овогодинешниот самит на Г20 и официјално е примена за постојана членка на организацијата.