Брутален одговор до хејтерите! Го освои УС Опен и згрме на конференцијата: Твитерџии, ги знам вашите имиња, навистина ме интересира што ќе правите сега!? (видео)

Американската тенисерка Коко Гоф ја освои титулата на Отвореното првенство на САД, откако во Њујорк ја совлада белоруската тенисерка Арина Сабаленко со 2:6, 6:3, 6:2.

Гоф на тој начин ја постигна 12-та последователна победа и го освои својот прв Грен слем турнир во кариерата.

Коко на една исклучително интересна медиумска конференција се заблагодари на публиката, но и на критичарите кои не ја штедеа во последно време.

„Благодарам на сите што веруваа во мене. Пред еден месец победив на турнирот од серијата 500, па рекоа дека тоа е мојот максимум. Седум дена подоцна го освоив турнирот од серијата 1000, па рекоа дека тоа било на среќа. Три недели подоцна еве јас сум тука со нов пехар. Благодарам“, иронично рече Гоф.

Таа потоа испрати брутална порака до хејтерите на Твитер.

,,Знам што се пишуваше за мене. Ги читав тие коментари. Луѓето мислат дека не ги читам, но многу добро знам што се пишува за тенисот на Твитер. Ги знам и сите кориснички имиња, знам кој зборува глупости и едвај чекам да влезам на Твитер и да видам што пишуваат сега“, изјави Коко.