Шефот на „Рајанер“ планирал да се буни против Европската комисија, па добил торта в лице (ФОТО, ВИДЕО)

Мајкл О’Лири, извршен директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair, доби многу грубо ,,добредојде” во Брисел откако ,,доби” две торти во лицето додека стоеше покрај картонскиот модел на Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија.

Гардијан пишува дека двајца еколошки активисти му фрлале торти во лице додека О’Лири се подготвувал да протестира пред зградата на Европската комисија против серијата штрајкови организирани од контролорите на летање во ЕУ.

На тој начин му нанеле штета на неговата авиокомпанија, која е најголема по бројот на превезени патници во категоријата нискобуџетни.

– Добредојдовте во Белгија – извика еден од активистите и му фрли торта во лице, за веднаш да притрча друг и да го стори истото, порачувајќи му на О’Лири „да престане со загадувањето со еб*ните авиони“.

Гардијан наведува дека шефот на Ryanair сака публицитет, па само се насмеал на оваа случка и му рекол на соработникот да му ја земе јакната и да му ја исчисти.