РУСИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ на ОН: Што значи ова за остатокот од светот и какви чекори може да преземе?

Русија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН и покрај жестокото противење од Украина.

Секоја од 15-те земји-членки претседава со ова тело еден месец на ротирачка основа. Кога Русија последен пат претседаваше со Советот за безбедност на Обединетите нации, во февруари минатата година, таа ја нападна Украина.

Според тоа, од први април со ова тело претседава земја чиј претседател Владимир Путин е цел на меѓународна потерница за воени злосторства.

И покрај противењето на Украина, постојаните членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Обединетото Кралство, Франција и Кина – не можат да ја блокираат Русија, која исто така е постојана земја членка.

Улогата на претседателството е главно процедурална, но рускиот амбасадор во ОН, Васил Небенжа , за агенцијата „Тасс“ изјави дека планира да надгледува неколку дебати, меѓу кои и една посветена на контролата на оружјето.Васил Небења во Советот за безбедност

„Ќе зборуваме за новиот светски поредок, кој доаѓа да го замени униполарниот“, рече Небенжа, кој во февруари предизвика скандал во ОН со прекин на едноминутно молчење за Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го нарече преземањето на оваа позиција од страна на Русија „најлоша првоаприлска шега“.

„Ова е сериозно потсетување на фактот дека нешто не е во ред со начинот на функционирање на меѓународната безбедносна архитектура. Ова е шлаканица на меѓународната заедница“, рече Кулеба.

Минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да го отповика членството на Русија, да се реформира или „целосно да се распушти“, бидејќи тоа не ја спречи инвазијата. Сепак, рацете на другите постојани членки се врзани по ова прашање, бидејќи Повелбата на ОН не дозволува престанок на постојаното членство .

Што може да направи Русија во Советот за безбедност?

Советот за безбедност на Обединетите нации е меѓународно тело одговорно за одржување на мирот. Пет земји се постојани членки, а нивните позиции ја одразуваат структурата на моќ по Втората светска војна. Постојаните членки соработуваат со уште десет земји кои се во СБ.

Фактот што Русија е една од постојаните членки и дава овластување да стави вето на резолуциите . За да помине резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, мора да има девет гласа „за“, а ниту една од постојаните членки не смее да гласа против.

Во февруари минатата година, потсетува „Би-Би-Си“, Русија стави вето на резолуцијата за ставање крај на инвазијата. Во септември го стори истото со резолуцијата со која се бара крај на анексијата на четири региони на Украина.