На социјалната мрежа Тикток беше многу активна Ноа Миливојев (18) од Ковиље, која исчезна на 17 јуни, а чие искасапено тело беше пронајдено денеска, 6 јули, во стан во центарот на Белград.
Таа често објавувала видеа на TikTok, речиси секојдневно.
Во видеото, кое е и нејзино последно на Тикток, ја гледаме Ноа како одговара на бројните ужасни и трансфобични навреди. На неколку снимки ги моли луѓето да не ја навредуваат.
– Во моментот на нејзиното исчезнување носеше розов фустан, црни патики, бел ранец и препознатливи розови чизми до глужд.
Мајката за медиумите изјавила дека сака да умре од болка и тага, а момчето кај кој отишла тврдел дека не ја видел.
Осомничениот за убиството веднаш бил уапсен и признал сè.