Чиста љубов: Откако Душко Тошиќ ја извади бурмата, објавата на Карлеуша ја расплака нацијата – Сите ја поддржаа! (фото)

Душко Тошиќ на својот Инстаграм објави фотографија која предизвика големо внимание и реакции и тоа само поради еден детаљ.

Имено, на фотографијата се гледа дека Душко ја извадил бурмата, поради што многумина помислиле дека дошол и правниот крај на бракот со Јелена Карлеуша.

Поранешниот фудбалер, а сега угледен менаџер не ги коментираше овие наводи, а ниту Јелена.

Всушност, последната објава на Карлеуша засега нема никаква врска со нејзиниот брак или потенцијален развод, туку има врска со љубовта. Јелена е позната како некој кој неизмерно ги сака животните и со сите сили се бори за нивното право на живот.

Таа со години се залагаше да не се јаде животинско месо, да не се носи природно крзно и кожа и дека рекреативниот лов мора да се смета за убивање на невини суштества.

Таа на своетонИнстаграм стори објави видео од крава како напаѓа маж затоа што се обидува да и’ го одземе телето, со порака дека мора да се прекине секаков вид на суровост кон животните.

Многу луѓе беа шокирани и тажни од оваа снимка, а коментарите за поддршка и честитки до Јелена беа многубројни и позитивни.