ПОСЛЕ ОВА РЕДОВНО ЌЕ СЕ СОБЛЕКУВАТЕ: ЌЕ СЕ ЗГРОЗИТЕ КОГА ЌЕ ВИДИТЕ КАКОВ УЖАС ВНЕСУВАТЕ ВО ВАШАТА КУЌА

Најновата студија докажа дека дефинитивно не треба да влегуваме со чевли во куќата поради ризикот од ширење нечистотија.

За да ве убедиме да ги соблечете чевлите пред да влезете во станот, ви пренесуваме неколку факти за бактериите и нечистотијата што секојдневно ги носиме на чевлите.

Ѓоновите на чевлите се полни со микроби

Само размислете каде сте биле со чевлите. Низ улиците, јавен превоз, кафуле, ресторан, тоалет, канцеларија и повторно дома. Тоа се многу места што сте ги прегазиле. Сите овие места содржат многу други микроби кои се многу повеќе од песок и прашина.

Едно истражување ги анализирало бактериите на ѓонот и открило дури 421.000 бактерии , а дури 3.000 бактерии живеат внатре во чевелот и сите се од фекално потекло, што значи дека ѓонот е повалкан од тоалетната школка.

Микробите не се сè, пазете се од опасните хемикалии

И како да не беа доволни наведените микроби, не можеме да не ги спомнеме хемикалиите кои се наоѓаат на улиците. Секој ден не само што газите по валкани улици, туку и штетни отрови и хемикалии кои доаѓаат од пумпи, автомобили, цигари … Некои од овие хемикалии можат да бидат од канцерогено потекло, предупредија научниците.

Ако не ги соблечете чевлите пред да влезете во куќата, за 90 проценти ја зголемувате можноста за ширење на бактерии низ вашиот стан. Не се работи за параноја, знаеме дека треба да создаваме антитела во телото и дека не треба да живееме во аптека, но сепак треба да внимавате што внесувате во вашиот дом.