Оливер Спасовски во работна посета на Подгорица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета на Подгорица, Црна Гора.

Како што соопшти МВР, Спасовски ќе има билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ, како и со министерот без ресор Зоран Миљаниќ.