Ескобар денеска се среќава со Ковачевски и Мицкоски

Заменик Помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска ја продолжува посетата на земјава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По средбата Ковачевски – Ескобар претпладне во Владата ќе се одржи заедничка медиумска конференција.

Ескобар престојува во дводневна посета на РСМ и ова следува по почетокот на собраниската процедура за усвојување на уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот како услов земјата да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите. со Европската Унија.

Првата средба на Ескобар била вчера со претседателот Стево Пендаровски, на која, како што информираат од претседателскиот кабинет, било изразено очекувањето на официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот на полноправно членство во Европската Унија.

Во пресрет на посетата на Ескобар, премиерот Ковачевски вчера најави дека тој и американскиот функционер ќе разговараат за национални, билатерални и регионални прашања од интерес за Северна Македонија.