“ПОСЛЕ СЕ ПРАШУВАМ ЗОШТО СУМ ДЕБЕЛ…” Вучиќ се пошегува на своја сметка пред свечената вечера со претседателката на Грција (ВИДЕО)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера на свечена вечера ќе и беше домаќин на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.
Српскиот претседател во еден момент не можеше да одолее, па проба едно од јадењата што ќе се послужи на вечерата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.
Вучиќ во описот на видеото се пошегува:
После се прашувам зошто сум дебел… пред празничната вечера со @presidencygr – напиша претседателот на својот Инстаграм профил.