Потврдена затворската казна на рускиот опозиционер Илја Јашин поради критиките за офанзивата во Украина
Апелацискиот суд во Москва денеска му ја потврди казната од 8,5 години затвор на рускиот опозиционер Илја Јашин заради неговите критики на руската офанзива во Украина.
-Првостепената казна изречена во декември останува непроменета, рече судијата.
Јашин (39) е прогласен за виновен за ширење „лажни информации“ за руската армија.
-Чувството на морална супериорност над крадците и убијците кои ја презедоа власта ми дава сила. Тие знаат дека не се плашам од нив, рече Јашин за време на сослушувањето, според транскриптот што неговиот тим го објави на каналот Телеграм.
Јашин беше осуден заради критиката на „убиството на цивили“ во украинскиот град Буч, недалеку од Киев.
Неговото судење беше особено внимателно следено во Русија, бидејќи тој е еден од последните истакнати опозиционери кој побегна од земјата или не беше затворен.