Лекови за „деца пеперутки“ наскоро ќе бидат достапни во Србија.
Ова го потврди претседателот на Србија, Александар Вучиќ, придружуван од надлежните министри, при обиколката на градилиштето на Детската болница Тиршова 2.
Вучиќ вели дека лекувањето на „децата пеперутки“ чини 600.000 евра за едно дете и се работи за креми, кои ќе бидат достапни најдоцна до 13 или 14 август годинава.
„Има деца за кои издвоивме два милиони евра. Државата Србија отсекогаш го правела сето тоа“, рече тој.