ПОТЕГ кој ги згрози љубителите на кошарката! Познатиот Американец ДИВЈАЧКИ го фаулираше Лука Дончиќ, настана ХАОС на теренот! (ВИДЕО)
Срамниот потег на Вестбрук привлече големо внимание…
Кошаркарите на Далас поведоа со 2:1 во четвртфиналната серија на Западната конференција, бидејќи рутински го совладаа Лос Анџелес Клиперс во третиот натпревар од плеј-офот со резултат 101:90.
Натпреварот го одбележа срамниот потег на Расел Вестбрук, кој во моменти на беспомошност се обиде на дивјачки начин да го спречи најдобриот играч на Мавсите, Лука Дончиќ.
Од самиот старт на натпреварот се чинеше дека гостите не дојдоа во Тексас да играат кошарка, туку да прават „чарки“ на теренот и да го испровоцираат ривалот. Со груби фаули се обидоа да ја исфрлат од ритам првата ѕвезда на Мавс, но не успеаја.
Во средината на последната делница искусниот Американец Расел Вестбрук ги премина сите граници. Испадна во одбрана, направи срамен потег. Тој дивјачки го повлече Лука за рака, што го налути Словенецот и неговите соиграчи.
Лука му пријде и дофрли нешто, а Вестбрук го оттурна и дојде до општа пресметка на теренот. Центарот Пи Џеј Вашингтон веднаш скокна во одбрана на соиграчите и го оттурна нервозниот Американец, кој во тој момент дивееше. Тргна кон играчите на Далас, но судијата и соиграчите со голема тешкотија успеаја да го задржат.
Погледнете како тоа изгледаше: