Потер: Возбуден сум што го добивме Реал, но ние ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите

Тренерот на Челзи, Греам Потер проговори за претстојните натпревари со Реал Мадрид.

На денешната ждрепка за четвртфиналето на Лигата на шампионите, Челзи за ривал го доби шпанскиот фудбалски великан.

– Се чувствувам инспириран. Реков дека ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите, а сигурен сум дека истото го планираат и останатите седум екипи. Ќе се фокусираме на Реал Мадрид кога ќе дојде време. Сега не очекува натпревар со Евертон во домашното првенство. Не го познавам лично Анчелоти, но играв против него кога беше тренер на Евертон. Тој е господин. Имам многу почит кон него и неговата кариера. Освојување на Лигата на шампионите, долговечност… неверојатно е, неверојатно, изјави Потер.

На првиот меч од четвртфиналната пресметка во ЛШ, Реал ќе биде домаќин на Челзи на 12 април.