Потер: Добив мејлови во кои луѓето посакуваа смрт за мене и за моите деца

– Тренерот на Челзи, Греам Потер, се пожали дека добил смртни закани од некои навивачи на „Сините“.

– И покрај тоа што добив поддршка од управата, добив и не многу пријатни мејлови во кои луѓето ми посакуваат смрт на мене и на моите деца, па секако не е баш пријатно да ги добивам. Предизвикот за мене е: „Добро, како да се однесувам? Колку повисоко се искачувате, толку поголем притисок се врши врз вас како личност. Сакам да успеам овде. Има некои глупости за кои не ми е грижа. Сепак, ако одите на работа и некој ве пцуе, ќе биде непријатно. Можете да одговорите на ова на два начина. Би можел да кажам дека не ми е гајле, но ќе знаете дека лажам. На сите им е гајле што мислат луѓето, затоа што сме програмирани за социјални врски. Прашајте го моето семејство каков беше животот за мене и нивниот. Воопшто не беше пријатно. Разбирам дека навивачите си одат дома иритирани што тимот не победува. За среќа, ова е изолиран инцидент и не му придавам големо значење на ова, изјави Потер.

Челзи по 23 натпревари во Премиер лигата има освоено 31 бод и се наоѓа на 10. место, далеку од горниот дел на табелата.

Назначувањето на Потер на тренерската позиција не успеа да ги исполни очекувањата на многубројните навивачи за подобри резултати.