Потпаролот на Владимир Путин со остра порака до ‘Султанот’: “Турција не треба да се надева на членство во ЕУ, Европа не ги сака!“

Турција не треба да има илузии дека еден ден може да стане членка на Европската унија“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истовремено нагласувајќи дека сакаат силни односи со Анкара и покрај некои несогласувања, вклучително и прашањето за проширување на НАТО.

Дмитриј Песков ја минимизираше оценката на новинар дека Турција се оддалечува од Русија и се приклонува кон Запад.

Турција може да се сврти кон Запад, знаеме дека во нејзината историја имало периоди на интензивна ориентација кон Запад, но дека имало и периоди со помал интензитет“, изјави Дмитриј Песков на брифинг со новинарите.

Според Дмитриј Песков, никој не сака да ја види Турција во Европа.

Мислам на Европејците. И нашите турски пријатели не треба да носат розови очила“, додаде Дмитриј Песков, алудирајќи на деценискиот отпор на ЕУ кон членството на Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера неочекувано ја поврза согласноста на Турција за прием на Шведска во НАТО со влезот на Турција во ЕУ.

Тој кажа дека Европската унија треба да го отвори патот за Турција да влезе во ЕУ пред турскиот Парламент да го одобри приемот на Шведска во НАТО, но европските лидери рекоа дека не можат да ја прифатат таа поврзаност.

Откако Анкара го отвори патот на Шведска за влез во НАТО, Шведска одговори дека активно ќе го поддржи турскиот процес за пристапување во Европската унија.

Дмитриј Песков кажа дека Русија разбира оти Турција, како членка на НАТО, мора да го стори тоа, додавајќи дека Москва сака да продолжи да гради заемно корисни односи и покрај „сите несогласувања“.