Affogato е италијански десерт во кој ќе уживаат многу љубители на кафе. Тоа е одличен избор кога сакате да се разладите.Иако не постои официјален и универзален начин да се направи овој интересен десерт, тој навистина не бара некои посебни кулинарски вештини.
Лесно се прави, а потребни ви се само две состојки, кафе и сладолед. Освен тоа, можете да го украсите вашето афогато со чоколадни трошки, а можете да експериментирате и со други состојки како шлаг.
Според оригиналните италијански рецепти, треба да користите еспресо, но како замена можете да користите некое инстант кафе или нашето домашно кафе. Потребно е само кафето да не има премногу силен вкус.
Сварете го кафето и оставете го малку да се излади. Можете и целосно да го изладите кафето. Потоа ставете една до две топки сладолед од ванила во стаклен или сад за сладолед и прелијте го со кафе.