Доколку не сте многу вешти во кујната, имаме рецепт кој ќе ве воодушеви со својот вкус и изглед.
Потребни ви се само три состојки и околу 10 минути за да подготвите колачиња што изгледаат како шишарки.
Состојки
- Темна кора
- Чоколаден крем
- чоколадни снегулки (заоблени)
Подготовка
Со раце издробете ја кората и додадете чиколаден крем колку што е потребно за да добиете смеса која лесно се обликува.
Земете од смесата со лажица за сладолед и со раце обликувајте ја во превртен корнет.
Потоа внимателно наредете ги снегулките од дното кон врвот додека не добиете форма на шишарка. По желба можете да ги посипете со шеќер во прав или кокос.