Потресната животна приказна на девојката која го освои светот во 90-тите години: “Случано се предозира со дрога и почина!“ – протекоа детали од фаталниот живот на убавата русокоса за врската со милијардерот (89 г.)

Документарниот филм за животот на Ана Никол Смит открива непознати детали за најпознатата американска старлета, а сега е објавен и неговиот прв трејлер.

Трејлерот за новиот документарен филм за турбулентниот живот на покојната Плејбој зајачица и актерка Ана Никол Смит, „Anna Nicole Smith: You Don’t Know Me“, открива досега непознати моменти од нејзиниот приватен живот, вклучувајќи ги и оние од бракот со 89-годишниот милијардер Хауард Маршал.

Фаталната Ана Никол почина од случајно предозирање со лекови на рецепт на 39-годишна возраст во февруари 2007 година, а нејзиниот живот отсекогаш ги заинтригирал сите. Таа никогаш не ја криела својата желба за богатство и остварување на сите нејзини соништа, кои Маршал делумно и ги исполнил.

Она што навистина ме фасцинираше е колку се сакаа“, е еден од коментарите што се споменува во филмот.

Ана Никол Смит
Ана Никол Смит

Ана Никол Смит го запознала нафтениот тајкун додека настапувала во стриптиз клуб во Хјустон во октомври 1991 година, кога таа имала 24, а тој 86 години. Тогаш започнала нивната врска во која тој наводно ја опсипал со скапи подароци и неколку пати ја запросил. Парот конечно се венчал на 27. јуни 1994 година, што доведе до гласините дека Ана Никол се омажила за него само за пари и покрај нејзиното инсистирање дека го сакала и дека годините не и се важни. Меѓутоа, само 13 месеци подоцна, Маршал почина на 90-годишна возраст.

Ана Никол Смит последователно беше вклучена во многу грда судска битка за неговиот имот затоа што усно ѝ ветил половина од имотот, кој во тоа време вредел 1,6 милијарди долари.

Тој едноставно беше прекрасен човек кого длабоко го сакав“, кажала тогаш таа на судот, а оваа сцена е прикажана и во филмот.

Таа потоа се нашла во центарот на медиумското внимание, поради што не и беше воопшто лесно или пријатно.

Беше скршена од тоа што медиумите го зборуваа за неа“, открил во филмот еден од нејзините блиски извори.

Ана Никол Смит
Ана Никол Смит

Во еден момент дури беше прикажана опкружена со новинари и фотографи, за кои имаше само една реченица: „Мило ми беше со вас момци, а вие ме заебавте“.

Двеминутниот клип од трејлерот завршува со неколку сцени од нејзиниот јавен и приватен живот.

Она што го гледате во јавноста е бомба, но зад сцената е друга приказна. Да се ​​биде со неа беше како возење на тобоганот. Ана знаеше како да ја обработи публиката, ништо не можеше да ја спречи. Тоа ја чинеше многу“, се вели во документариот филм.

Ана Никол имала само 39 години кога починала од случајно предозирање со лекови на рецепт на 8. февруари 2007 година во хотелска соба во „Холивуд“, Флорида, а ја оставила зад себе нејзината ќерка Даниел Биркхед, која сега има 16 години. Нејзиниот син Даниел почина во септември 2006 година на 20-годишна возраст од случајно предозирање со дрога на Бахамите, само три дена откако се роди неговата сестра Даниел.

Познатата русокоса се прослави како зајачица на Плејбој, а потоа беше модел за Guess и глумеше во многу култни филмови.

Документарниот филм „Anna Nicole Smith: You Don’t Know Me“ во режија на Урсула МекФарлејн, треба да почне да се прикажува на Нетфликс од 16. јануари следната година.