Поубаво изгледам кога сум гола! Најубавата жена на светот не сака облека, гори во петтата деценија од животот

Британската манекенка и водителка Кели Брук (44) изјави дека облеката и го расипува изгледот и затоа на социјалните мрежи постојано објавува фотографии на кои е во оскудно облечена облека.

Кели Брук изјави дека би се чувствувала подобро доколку е целосно гола, бидејќи има посебен проблем со гардеробата .

Се гледам во огледало додека сум гола, се сакам себеси, а потоа се облекувам и мислам дека тоа не ме покажува во најдобро светло. Секогаш велам дека и онака изгледам подобро гола. Само мислам дека облеката ме изневери и дека не сум јас виновна, туку грешките на дизајнерите кои не ја сечат облеката како што треба – објаснила манекенката.

Кели Брук често беше мета на критики поради вишокот килограми, иако на 26 години беше прогласена за најубава жена на светот.

Кели признала дека не секогаш изгледа како што сака, но смета дека е виновна облеката.

Затоа сака да позира во костим за капење.

И покрај секојдневните навреди во модната индустрија кои и се појавија, Кели го сака своето тело. 

Доказ за тоа се бројните фотографии од плажа.