Во светот на кулинарските трикови, со кои е преполн интернетот, издвоивме еден кој е многу едноставен. Имено, се работи за пховано месо кое ја задржува сочноста при термичка обработка благодарение на една храна.
Овој едноставен, но исклучително ефикасен трик за постигнување вкусно поховано месо може да направи значителна разлика во текстурата и вкусот на вашето омилено јадење. Само треба да го маринирате месото во млеко половина час пред пржење.
Придобивките од маринирањето во млеко
Млекото содржи млечна киселина и ензими кои можат да помогнат во разградувањето на колагенот и протеините во месото. Овој процес ги омекнува влакната, правејќи го месото понежно и сочно по термичка обработка.
Подобрен вкус и арома
Маринирањето на месото во млеко дава нежен и благ вкус. Млекото може да ги неутрализира и несаканите мириси на месото, особено ако е постаро или има посилен мирис.
Месото да се премачка ситно со брашно
Млекото помага да се создаде леплива површина на месото, што овозможува брашното подобро да се лепи. Ова ќе придонесе за крцкава и златна кора кога ќе се пржи.
Побрзо пржење
Месото маринирано во млеко често се готви побрзо. Млекото придонесува за побрзо продирање на топлината при пржењето, овозможувајќи му на месото побрзо да се готви одвнатре, додека надворешниот слој останува крцкав.
Дополнителни совети
Користете млеко со повеќе маснотии бидејќи дополнително придонесува за нежноста на месото.
Потопете го месото во млеко најмалку половина час пред пржење за да им дадете време на млечните ензими да делуваат на месото.