Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што информираат од Гернералштабот на Армијата, претходно, во попладневните часови во период по 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.