ПОЧИНАЛА КОГА ЈА ВИДЕЛА СМЕТКАТА ЗА ВОДА !? На пензионерка од Италија буквално и се скршило срцето кога видела колку сакаат да и наплатат – неверојатен случај
Пензионерка од Италија починала откако по грешка добила сметка за вода од 15.331 евра!
Катарина Џовинацо (88 г.) доживеала срцев удар и поминала 40 дена во болница, откако на 14. ноември го видела износот автоматски подигнат од нејзината банкарска сметка во Кампорос, провинцијата Империја.
Астрономската сметка, нешто повисока од 15.000 евра, поврзана со периодот август-октомври и половина е наплатена автоматски, а остатокот е испратен во Катарина Џовинацо како неподмирен долг.
По шокот, пензионерката била примена на одделението за интензивна нега во болницата во „Санремо“, каде починала на католички Божиќ.
„Отидов заедно со мојот внук Луиџи во канцеларијата на ИРЕН во Кампорос да го пријавам проблемот. Вработената ги спореди нивните податоци со податоците што ги дадовме и сфати дека евидентираното не се совпаѓа со наведеното на фактурата. Успеавме да ја натераме банката да го врати веќе уплатениот износ на сметката на сестра ми“, вели сестрата на починатата старица, Роко Џовинацо.
ИРЕН е мултиуслужна компанија која се занимава со електрична енергија, парно, вода, како и технолошки и еколошки услуги.
Подоцна било утврдено дека максималната потрошувачка на домот на жената била неколку метри кубни вода, која чинела околу 55 евра.
Компанијата признала дека тоа е нивна вина.
„Веднаш ќе контактираме со семејството за да ги провериме причините кои довеле до оваа сума. Многу ни е жал за тоа што и се случи на госпоѓата. Доколку се докаже дека грешката е предизвикана од ИРЕН, клиентот нема да плати апсолутно ништо. Ќе се обидеме да истражиме како дошло до оваа ситуација“, изјавиле од компанијата, пренесуваат италјанските медиуми.