Починала мајката на бебето повредено во нападот во Сиднеј: Сведоци опишуваат како очајно се борела да го спаси детето

Медиумите велат дека бебето било прободено во стомакот и било оперирано, откако хероите користеле облека од продавницата за да го спречат нејзиното крварење.

Мајката (38) на малото деветмесечно бебе кое е тешко повредено во нападот во Сиднеј , заедно со уште седум лица, им подлегнала на повредите, се наведува во извештајот.

Бројот на жртвите од денешниот напад со нож во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн на истокот на Сиднеј се искачи на седум, вклучувајќи го и напаѓачот.

Сведоците опишаа како мајката очајно се борела да го спаси своето дете и покрај повредите, давајќи им го детето на луѓето во трговскиот центар.

Медиумите јавуваат дека бебето било прободено во стомакот и било оперирано во саботата вечерта, откако хероите користеле облека од продавницата за да го спречат крварењето.

Напад со нож во трговскиот центар „Вестфилд Бонди Џанкшн“ на истокот на Сиднеј се случил попладнево според локалниот врфемен, а напаѓачот бил убиен од полицијата, соопшти претставникот на австралиската полиција Ентони Кук.

„Припадник на полицијата се соочи со напаѓачот…таа брзо тргна зад него за да го стигне. Тој се сврте кон неа и подигна нож. Таа употреби огнено оружје и лицето сега е мртво“, рекол тој.

Според изјавата на сведокот, објавена од медиумите, припадник на полицијата и рекол на напаѓачот да го фрли ножот, а кога тој не го сторил тоа, таа го застрелала директно во градите.

Кук рече дека, врз основа на прелиминарната истрага, се чини дека напаѓачот дејствувал сам.

На прес-конференција, полицијата соопшти дека верува дека напаѓачот бил внатре во трговскиот центар, заминал и се вратил со нож пред да ги нападне жртвите.

Кук рече дека неколку луѓе биле пренесени во болница.

Претходно извор од полицијата изјави дека неколку лица се во критична состојба, објави „Сиднеј морнинг хералд“.

Меѓу повредените има и деветмесечно бебе.

Мотивот за нападот се уште не е познат, но засега не може да се исклучи можноста за терористички напад.

Стотици луѓе се евакуирани од трговскиот центар во Сиднеј по извештаите за маж наводно вооружен со нож и пукање.

Австралиската полиција претходно соопшти дека еден маж бил застрелан по извештаите за повеќекратни прободувања во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн во источниот дел на Сиднеј.