Почина актерот од серијата „Беверли Хилс“! Трагичната вест ја соопшти неговата сестра

Актерот Дејвид Гејл, најпознат по улогата во серијата „Беверли Хилс 90210“, почина на 58-годишна возраст.

Тажната вест ја потврдила неговата сестра Кејти Колменарес, но причината за смртта не била објавена

– Речиси нема ден во мојот живот кога не си до мене. Секогаш мојот лидер, мојот најдобар пријател, подготвен да се соочи со се и секого. Секогаш секој ден ќе те чувам толку цврсто во моето срце – напиша Кејти на Инстаграм.

Да потсетиме дека во серијата „Беверли Хилс 90210“, која ги одбележа 90-тите години на минатиот век, тој го толкуваше ликот на Стјуарт Карсон, кој накратко беше свршен со Бренда Волш, ликот кој го толкуваше Шенон Доерти.

Гејл беше познат и по улогата на доктор Џо Сканлон за време на две сезони од серијата „Порт Чарлс“.