Припадничка на американската армија и инфлуенсерка изврши самоубиство по роденденот на нејзината ќерка

Припадничката на американската армија и фитнес инфлуенсерка Мишел Јанг (34) изврши самоубиство неколку дена по 12-тиот роденден на нејзината ќерка.

Нејзиното семејство во саботата објави дека била пронајдена мртва.

Само неколку дена претходно, Јанг на Инстаграм сподели фотографија од 12-тиот роденден на нејзината ќерка Грејси .

„Среќен роденден на најслатката девојка што некогаш сум ја познавала. Грејси е смешна, амбициозна, љубезна, сочувствителна, интелигентна, вредна, урнебесна и несебична. Плачев цело време кога го напишав ова! Те сакам засекогаш душо! Најдобриот дел од мојот живот е да бидам твоја мајка“, напиша Јанг.

Јанг, која е од Прескот, Аризона, се пријавила во армијата на 17-годишна возраст.

„Бев во војска пред да станам мајка. Волонтирав за овој живот, Грејси не, таа мораше да биде далеку од нејзиниот единствен родител за време на мојата служба, но никогаш не се жали“, напиша Јанг претходно на Инстаграм.

Јанг беше распоредена двапати во Авганистан. Таа имаше уште четири години да го заврши својот 20-годишен воен договор.

Не е јасно како и каде Јанг се самоубил, пишува Дејли Мејл .